Почнува најголемата експедиција на Арктикот на сите времиња: бродот Поларстерн тргна кон север (ВИДЕО)

Почна најголемата научна експедиција на Арктикот на сите времиња, откако германскиот истражувачки брод Поларстерн исплови кон северот каде ќе се фиксира во заледеното море и една година ќе ја анализира климата на Северниот пол.

Стотици научници ќе се менуваат на бродот кој ќе служи како база за истражувањето на климата.

Голем број луѓе во петокот вечерта го испратија Поларстерн од пристаништето Тромсе во Норвешка, пренесува Би-би-си.

Во првата фаза од патувањето ќе го придружува мразокршачот Академик Федоров.

Бродовите се упатија кон сибирскиот сектор на Арктикот каде што треба да го најдат најдоброто место за фиксирање на Поларстерн.

Проектот Мозаик (Multidisciplinary drifting Observatory for the Study of Arctic Climate) ќе чини околу 150 милиони долари.

Станува збор за меѓународен потфат за време на кој на Поларстерн ќе му помагаат и мразокршачи од Шведска и Кина.

Во зима, кога бродовите нема да можат да се приближат до германското пловило, залихите ќе му се доставуваат со авиони и хеликоптери.

Целта на Мозаик е проучување на сите аспекти на климата на Арктикот. Инструментите ќе се постават на мразот околу Поластерн, некои и на далечина од 50 километри.

Ќе се земат примероци од сѐ – мразот, морето, атмосферата, дури и животинскиот свет. истражувањето треба да трае цела година и е осмислено да пружи сигурни проценки за климатските промени во иднина, тврдат научниците.

Лидер на експедицијата е професорот Маркус Рекс од германскиот институт Алфред Вегенер во Потсдам. Тој тврди дека Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот на Земјата, но постоечките модели се непрецизни кога станува збор за движењето на температурите во идните децении.

„Не постојат долгорочни климатски прогнози за Арктикот и поради тоа тие процеси не ги разбираме баш најдобро“, кажа тој.

„Тоа е затоа што никогаш не сме го проучувале целиот годишен циклус, особено не во зима кога мразот е најдебел па не сме успеале да го пробиеме со нашите истражувачки бродови“, додава Рекс.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе