ОН: „Почнува долга и крвава војна, целиот Медитеран е загрозен“ (ВИДЕО)

Претставникот на ОН за Либија Гасан Салам предупреди дека битката за Триполи „е само почеток на долга и крвава војна".

Салам повика веднаш да се преземат чекори за да се прекине приливот на оружје до спротивставените страни во Либија, односно во битката за главниот град Триполи, која трае од почетокот на април, пренесе Би-би-си.

Говорејќи пред Советот за безбедност на ОН, Салам предупреди дека конфликтот би можел да се развие во состојба на „хаос на сите против сите или поделба на земјата“.

„Не сум Касандра (лик од Илијада на Хомер), но насилството во близина на Триполи е само почеток на долга и крвава војна на јужните брегови на Медитеранот, со што се загрозува безбедноста на либиските соседи и пошироко на медитеранскиот регион“, рече Салам.

Тој додаде дека безбедносниот вакуум што се појави во борбите за Триполи, веќе го искористуваат Исламската држава и Ал-Каеда, и дека оружје од страна се „слива од секаде“.

Подгрупата на Исламската држава во Либија во последниве неколку месеци веќе неколку пати изведе напади во јужниот дел на земјата.

„Јасното кршење на ембаргото за оружје, што е емитувано и на телевизија, со очигледната испорака на големо количество оружје и оклопни возила на силите на ГНА (војската на меѓународно признатата Влада на националниот договор) во Триполи доаѓа по претходните и и континуирани испораки на забранетото модерно вооружување на силите на ЛНА (Либиската национална војска на маршалот Калифa Хафтар)“, рече Салам.

И додека силите на Хафтар наводно добиваат оружје и оклопни возила од Јордан, силите на Сарај наводно ги добиваат од Турција.

Локалните интернет страници, наклонети на Хафтар, објавија снимка од јорданските оклопни возила со кои е снабдена милицијата на Хафтар, пренесе АФП.

Во исто време, владата од Триполи објави фотографии на нови пратки на турски оклопни возила на Фејсбук.

Турското Министерство за надворешни работи за Би-би-си изјави дека не знае за какви било испораки на оружје за Либија.

Минатиот месец, ЛНА изврши и воздушни напади на опколениот Триполи, јави Би-би-си. Владините сили исто така минатиот месец соборија авион на војската на Хафтар, објави Ал Џезира.

Откако брзо и без поголеми проблеми дојде до јужните предградија на Триполи, Либиската национална војска на маршалот Калифа Хафтар наиде на жесток отпор на силите лојални на меѓународно признатата Влада на националниот договор (ГНА), со премиерот Фајез ал Сарај на чело. Силите на ГНА жестоко се спротивставија обидувајќи се да ја разбијат опсадата на Хафтар.

Борбите и понатаму траат, без потенцијален победник, но едно е јасно - планот на Хафтар за брзо и одлучно да ја заземе престолнината и така, заедно со ривалската влада во Тобрук со чии вооружени сили команда, да ја преземе контролата над земјата и да ја стави меѓународната заедница пред свршен чин, дефинитивно се изјалови.

Во судирите меѓу силите на маршалот Хафтар и неговите противници загинаа најмалку 510 лица, а повеќе од 2.000 се ранети, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на ОН, поради конфликтот и бомбардирањата над 75.000 луѓе се раселени од своите домови.

Училиштата се затворени, семејствата се раздвоени на спротивставени страни на борбената линија, а недостигот на струја е чест. Ова е најголем конфликт по соборувањето на Гадафи во 2011 година.

Индикациите за хаос на кој предупредува претставникот на ОН веќе се видливи.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе