Почнаа референдумите на окупираните украински територии за припојување кон Русија

Референдум за приклучување кон Руската Федерација почна во областите на Украина што се целосно или делумно контролирани од Москва, пренесоа руските новински агенции. Гласањето, кое почна во 6 часот по средноевропско време, ќе трае до 27 септември во регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, кои сочинуваат околу 15 отсто од територијата на Украина, или област со големина на Унгарија.

Фото: ЕПА

Прашањата на гласачкото ливче малку се разликуваат по регионите. Во самопрогласената Доњецка Народна Република, прашањето, кое се поставува само на руски, ќе гласи: „Дали сте за приклучување на ДНР кон Руската Федерација според правата на Руската Федерација“. Самопрогласената Народна Република Луганск ја користи истата фраза.

Во Херсон прашањето е: „Дали сте за отцепување на Херсонската област од државата Украина, формирање на независна држава на Херсонската област и нејзино припојување кон Руската Федерација“.

А во окупираните делови на Запорожје прашањето е и на руски и на украински и гласи: „Дали гласате ЗА отцепување на Запорожје од Украина, формирање на Запорошка област како независна држава и нејзино присоединување кон Руската Федерација како подентитет на Руската Федерација?"

Киев и Западот одржувањето на референдумот го нарекоа „кражба“.

Киев, исто така, рече дека какви било референдуми за украинските територии што се приклучуваат кон Русија ќе ја уништат секоја преостаната шанса за преговори меѓу Киев и Москва, додека поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека планираните референдуми за анексија на украинската територија под руска контрола трајно ќе ја сменат политичката карта на регионот.

Русија тврди дека станува збор за давање шанса на луѓето во тие области да го кажат своето мислење.

„Од самиот почеток на операцијата велиме дека луѓето што живеат во тие области треба сами да одлучуваат за својата судбина, а сегашната ситуација потврдува дека тие сакаат да бидат господари на својата судбина“, изјави оваа недела министерот Сергеј Лавров.

Украина тврди дека Русија планира да ги лажира изборните резултати како знак на сеопшта поддршка на населението и потоа да ги користи како изговор за анексија, слично на заземањето на Крим во 2014 година. Членките на НАТО рекоа дека никогаш нема да ја признаат незаконската и нелегитимна анексија на украинска територија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе