Меѓу Лавров и Кулеба

Почнаа разговорите меѓу Русија и Украина во Анталија (ВИДЕО)

Лимузините дојдоа посебно - украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба беше пречекан од неговиот турски колега, а потоа пристигна и рускиот министер Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Огромен е интересот за овие разговори, вели Би-би-си.

Прес-собата во Анталија е преполна со меѓународни новинари.

Самите разговори се зад затворени врати – и руската и украинската делегација ветија прес-конференции кога ќе завршат.

Кулеба рече дека очекувањата се мали и дека успехот ќе зависи од „инструкциите“ што Лавров ќе ги добие од Москва.

Има многу шпекулации за сигналите од Кремљ пред неколку дена, кои некои ги толкуваат како омекнување на руската позиција, вели Би-би-си.

Прес-службата на украинското Министерство за надворешни работи на Фејсбук објави дека украинскиот министер за надворешни работи претходно го информирал својот турски колега Мевлут Чавушоглу за актуелната ситуација со рускиот напад врз Украина, воените злосторства и гранатирањето цивилни објекти од страна на руските војници во украинските градови.

Министрите разговарале за чекорите за ставање крај на руските непријателства и војната на украинска територија, се вели во соопштението.

Кулеба му се заблагодарил на Чавушоглу за иницијативата да се организира средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Кулеба навел три клучни прашања на кои ќе инсистира на трилатералната средба со Лавров, како што е итен прекин на огнот, подобрување на хуманитарната ситуација во Мариупол, Харков, Суми, Волноваха и други украински градови и повлекување на руските војници од Украина.

Украинскиот министер ја повикал Турција да ја продолжи соработката со Москва за запирање на конфликтот во Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе