Почна судењето на поранешните менаџери на Фолксваген, 6 години по големата измама со издувните гасови

Шест години откако изби скандалот со емисиите на издувни гасови на Фолксваген, на четворица поранешни менаџери и инженери на Фолксваген вчера им почна судењето во германскиот град Брауншвајг поради учество во глобалната измама.

EPA-EFE

Според обвинението, меѓу другото, се обвинети за трговска измама и затајување данок поради инсталирањето манипулиран софтвер во милиони автомобили, во првиот таков кривичен предмет против шефовите на Фолксваген во Германија.

Софтверот кој бил вградуван во нивните возила овозможил нивните автомобили, иако испуштале повеќекратно поголеми вредности на штетни издувни гасови од дозволените, во лабораториските тестирања да изгледаат почисти од останатите автомобили.

Обвинителите на првото рочиште кажаа дека не само што водечките инженери туку и менаџерите од средно ниво и поранешни членови на управата знаеле за обидот за измама на властите во Соединетите Американски Држави, каде измамата за првпат беше откриена во септември 2015.

Обвинетите се согласиле да го прикријат постоењето на наведениот софтвер од регулаторите за заштита на животната средина во САД, истакнаа обвинителите.

Фолксваген од тогаш им исплати милијарди како оштета на сопствениците на нивните дизел возила низ светот кои наведоа дека компанијата лажела за влијанието на нивните возила врз околината.

Германскиот автомобилски џин во тоа време водеше огромна рекламна кампања во САД за да ги промовира своите возила со „чист дизел“.

Непосредно пред почетокот на судењето судот во Брауншвајг донесе одлука дека постапката против поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн ќе биде предмет на „одвоена расправа и одлука“.

Винтеркорн, на возраст од 74 години, има здравствени проблеми. Јавното обвинителство вложи жалба на таквото разделување на постапката. Винтеркорн се повлече од должноста набрзо по избивањето на скандалот.

Без оглед на исходот на жалбата, се очекува долготрајно судење. Во моментов се предвидува дека судењето ќе трае 133 дена, што значи дека најверојатно ќе се оддолжи до летото 2023.

Доколку бидат осудени, на обвинетите им се заканува казна затвор од најмалку 6 месеци до 10 години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе