Почна средбата на Путин и Бајден (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден почнаа денес билатерални разговори во формат на видео-конференција.

EPA-EFE

Како што претходно беше најавено, се очекува лидерите да разговараат за ситуацијата во врска со Украина, ширење на НАТО на исток, прашањата за стратегиската стабилност и билатералната агенда, а би можеле да разговараат и за регионалната безбедност, вклучувајќи го Авганистан.

Ова е нивен петти разговор откако Бајден ја презема функцијата.

Претходно двајцата лидери имаа три телефонски разговори, а се сретнаа лично во Женева во јуни годинава.

Нивната тогашна средба траеше точно два часа и беше конструктивна, според тврдењата на двете страни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе