Самит во Владивосток

Почна средбата на Ким Џонг Ун и Путин (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, кој пристигна во лимузина, се ракуваа пред да се упатат на разговори во универзитетот во рускиот источен град Владивосток.

Путин на средбата ја изразил подготвеноста на Русија да ги „поддржи позитивните тенденции“ на Корејскиот Полуостров.

„Сигурен сум дека вашата денешна посета на Русија ќе помогне подобро да разбереме како можеме да ја решиме ситуацијата на Корејскиот Полуостров, и што може да направи Русија за поддршка на тековните позитивни напори“, рече Путин во почетокот на самитот со Ким во Владивосток.

Тој рече дека многу работи треба да се направат на билатерално ниво со цел да се развијат економските односи на двете земји.

Рускиот претседател додал дека ги поддржува напорите на севернокорејскиот лидер за нормализирање на односите меѓу Северна Кореја и САД.

Ким Џонг Ун изјавил дека сака да развие „историски“ врски со Русија, со цел „постабилен и поцврст однос“.

„Мислам дека оваа средба ќе биде многу корисна за развој на историските врски меѓу двете земји, кои имаат долгогодишно пријателство, со цел постабилен и поцврст однос“, рече Ким.

Тој изразил надеж дека по прашањето на ситуацијата на Корејскиот Полуостров ќе имаат „конструктивен дијалог“ со Путин, на кој му честитал за „градењето силна Русија“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера пристигна со воз во Владивосток, на рускиот далечен исток, на првиот самит со Владимир Путин.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе