Почна средбата меѓу Вучиќ и Хоти во Брисел

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се состанаа денеска во Брисел во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите под покровителство на ЕУ.

Домаќини на состанокот се високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Пред трипартитната средба, Борел и Лајчак одделно се состанаа со Вучиќ и со Хоти.

Пред почетокот на денешната рунда дијалог под покровителство на ЕУ, Борел рече дека теми на преговорите меѓу Вучиќ и Хоти ќе бидат прашањата за исчезнатите и раселените и економската соработка, за кои се разговараше на претходните состаноци.

Борел изјави дека денеска ќе стане збор и за уште две „многу важни теми: за аранжмани во врска со малцинските заедници“ на Косово и за „решавање на прашањето за заемните финансиски побарувања и имот“.

Тој рече дека позициите на Србија и на Косово „се разбира дека се разликуваат“, но дека Вучиќ и Хоти се во Брисел „за да најдат заеднички јазик и да работат на постигнување сеопфатна нормализација на односите со решавање на сите отворени прашања“.

Во заедничката изјава на Вучиќ и Хоти, објавена денес пред состанокот, се вели дека „неодамна договорените документи во Вашингтон може да бидат корисен придонес за постигнување сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализирање на односите“.

Вучиќ и Хоти во петокот во Белата куќа се обврзаа дека ќе ги нормализираат економските односи. Во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, тие потпишаа секој свој примерок од документот наречен „Економска нормализација“. Документите се разликуваат само во последната од 16-те точки.

Во денешната заедничка изјава, Вучиќ и Хоти се „обврзаа дека ќе ги удвојат своите напори за да обезбедат понатамошно усогласување со ЕУ во согласност со преземените обврски“.

За резултатите од денешните преговори по средбата Лајчак ќе ја информира јавноста.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ продолжи во јули со средби меѓу Вучиќ и Хоти, по пауза од 20 месеци поради воведувањето на косовските даноци од 100% за увоз на стоки од Србија, а потоа и реципрочните економски мерки.

Денешната средба меѓу Вучиќ и Хоти е трета од обновувањето на дијалогот и втора лице во лице.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе