Почна самитот на НАТО во Шпанија

На дневен ред се зголемувањето на силите, помошта за Украина и натамошното проширување на блокот.

Фото: ЕПА

НАТО денеска го почна својот годишен тридневен самит во Мадрид.

30-члената организација ќе се фокусира на зајакнување на своите сили во Европа и на други места поради руската воена кампања во Украина, која почна кон крајот на февруари. Членовите, исто така, се очекува да разговараат за поголема помош за Киев, како и за можноста Шведска и Финска да се приклучат во блокот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во понеделникот рече дека блокот ќе го зголеми бројот на своите војници за брза реакција од околу 40.000 на „многу над“ 300.000. Тој ја нарече Русија „најзначајната и најдиректна закана“.

Состанокот се одржува по самитот на Г7 во јужна Германија, каде што лидерите на САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија и ЕУ ветија дека ќе ѝ помагаат на Украина „сѐ додека е потребно“.

Се очекува и членките на НАТО да разговараат за натамошната воена и финансиска помош за Украина. Од февруари, сојузниците сè повеќе му доставуваат тешко оружје на Киев, вклучувајќи различни ракетни системи, хаубици, борбени дронови, оклопни возила, радари и хеликоптери.

Рускиот претседател Владимир Путин во февруари рече дека проширувањето на НАТО кон исток и обидите да се стави „нога“ во Украина се една од причините зошто руските трупи ја нападнале Украина. НАТО негираше дека неговите сили и воени локации претставуваат закана за Русија.

НАТО ќе го усвои ревидираниот стратегиски концепт, клучниот документ на блокот, кој дава процена на моменталната безбедносна средина. Столтенберг рече дека, освен за Русија, документот за првпат ќе се однесува и на Кина.

Шведска и Финска присуствуваат на настанот за прв пат, откако и двете претходно неврзани земји во мај формално аплицираа за влез во НАТО. Турција рече дека ќе го блокира нивното членство, обвинувајќи ги двете нордиски држави дека засолнуваат луѓе поврзани со курдските организации, кои Анкара ги смета за терористички групи.

Ројтерс во понеделникот цитираше турски официјални претставници и западни дипломати дека напредокот околу прашањето за членството на Шведска и Финска е „малку веројатен“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе