Пристигнува кралското бебе

Почна породувањето на Кејт Мидлтон (ВИДЕО)

Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, била примена во болница во 6 часот наутро и нејзиното породување почнало, потврдила Бакингемската палата, јавува Би-би-си.

Војвотката од Кембриџ во придружба на принцот Вилијам пристигнала утринава со автомобил во болницата Сент Мери во Лондон.

Би-би-си наведува дека вести најверојатно нема да има сѐ до официјалната објава дека бебето пристигнало на свет. Сепак, пред болницата има голем број новинарски екипи и раѓањето на првото дете на Вилијам и Кејт и иден крал или кралица веќе предизвикува вистинска хистерија во Британија.

Како што пишува Би-би-си, војвотката од Кембриџ е во „рана фаза на породувањето“ и трудовите почнале. Кејт и Вилијам пристигнале во шест часот наутро со конвој црни возила. Тие влегле на задниот влез на болницата и се очекува повторно да бидат видени на скалите на болницата со бебето во прегратка. Кралското бебе ќе биде трето во редот за престолот, без оглед на полот, а претходно беше објавено дека Кејт и Вилијам не го знаат полот на бебето.

Иако датумот на породувањето не беше официјално соопштен, кралското семејство најави дека терминот е кон средината на јули, а островските медиуми веќе неколку дена чекаат пред болницата во Лондон за вест за раѓањето на моментално најпознатото бебе на светот.


Во Британија се шпекулираше дека кралското бебе на свет може да дојде токму помеѓу 20 и 22 јули, и тоа во болницата во која двата пати се породи принцезата Дајана.

Како што јавуваат медиумите, Кејт ќе се породува по природен пат, а покрај неа се докторите Маркус Сечел и Алан Фартинг, гинеколозите на британската кралица.

Обложувачниците повеќе веруваат дека Кејт ќе роди девојче, а шпекулациите дека бебето ќе биде од женски пол се подгреани од неколку невнимателни изјави на кралското семејство. Наводно самата Кејт во една пригода кажала „Ќе родам ќе...“, а потоа се поправила и кажала „бебе“.

Покрај медиумите во состојба на готовност е и британската престолнина. Лондон планира да го одбележи раѓањето на првото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт со 62 топовски салви од лондонскиот Тауер и лајт шоу по должината на реката Темза.

Властите на Лондон најавиле и дека по објавувањето на веста за раѓањето на кралското бебе една од главните атракции во градот, позната како Лондонско око, ќе биде осветлена со црвени, сини и бели рефлектори.

Во меѓувреме британската Кралска авијација на принцот Вилијам му одобрила двонеделно породилно отсуство кога ќе се роди детето. Кралското семејство, во склад со промените во британското општество, ги модернизираше своите ставови кон раѓањето деца и родителството, пишува Би-би-си.

Во живо:

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе