Почна истрагата за причините на експлозијата во фабриката за ракети во Белград

Специјализирани екипи ја пребаруваат околината на фабриката за противградни ракети во предградието на Белград, откако во вчерашната експлозија, за која уште не се знае причината, загинаа двајца работници, а дваесетина се повредени, од кои четворица во животна опасност.

Скриншот Јутјуб

Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, во текот на истрагата јавниот обвинител забрани пристап до фабриката, додека локалниот сообраќај е пренасочен на алтернативни патишта.

Подрачјето околу фабриката е блокирано, пребарувањето на теренот е во тек, пожарникарите се во постојано дежурство, а специјална комисија ја утврдува штетата во фабриката и на седумдесетина околни куќи оштетени од јачината на експлозијата која се случи во погон во кој во моментот на инцидентот имало четириесеттина работници.

Во фабриката Еде про, која произведува противградни ракети, низата експлозии се случиле во магацинот за ракетно гориво со површина од 240 квадратни метри, во кој имало 500 противградни ракети.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе