Североисточна Сирија

Почна и копнената офанзива (ВИДЕО)

Турските војници и нивните сириски бунтовнички сојузници влегоа во североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Со овој потег, Турција ја почна и копнената офанзива против курдските борци на милицијата, откако вчера ги бомбардираше и гранатираше. Турските воени авиони и артилерија во средата ги гаѓаа позициите на курдските борци во прекуграничната воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Сириските набљудувачи во курдските области велат дека најмалку седум цивили се убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија, пренесува АП.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека загинале осум лица, меѓу кои и двајца христијански Асирци во градот Камишли, една брачна двојка со машко дете во близина на градот Тал Абијад.

Според АП, едно дете е убиено во село западно од Камишли, како и еден маж во Рас ал-Аин.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе