Починатите од ковид се фрлаат во реките во Индија, потврди владата (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Телата на жртви од ковид-19 се пронајдени фрлени во некои индиски реки, соопшти државната влада во писмо што го видел Ројтерс, првото официјално признание за алармантната практика, за која велат може да потекнува од сиромаштијата и стравот од болеста во селата. Видеата што следуваат имаат вознемирувачка содржина.

Фото: ЕПА

Телата на околу 100 потенцијални жртви на ковид-19 се пронајдени како пловат во реката Ганг во Индија изминатата недела.

Повеќето потекнувале од најсиромашната индиска држава Бихар, која го има најлошиот здравствен систем во земјата. Таму има само еден лекар на секои 28.000 луѓе.

Телата, кои пловеле надолу од Утар Прадеш, се жртви на коронавирусот чии семејства не можеле да си ги дозволат трошоците за кремирање, соопштија властите.

Сликите на труповите што пловат по реката Ганг, која Хиндусите ја сметаат за света, ја шокираа нацијата погодена од најголемиот пораст на новозаразени во светот.

Во екот на силниот бран зарази со ковид-19, тела биле забележани и во реката Јамуна во Утар Прадеш. Локалното население во Хамирпур ги забележало труповите и ја предупредило полицијата. Локален советник тврди дека поради драматичната ситуација луѓето се плашат и не си помагаат едни на други, па затоа телата се фрлаат во реката. Полицијата соопшти дека за тоа се одговорни жителите.

„Управата има информации дека телата на оние што му подлегнале на ковид-19 или која било друга болест се фрлаат во реките наместо на нив да бидат изведени соодветните ритуали“, пишува високиот државен службеник Маној Кумар Синг на 14 мај во писмо до обласните шефови.

„Како резултат на тоа, од реките на многу места се извлекуваат тела“.

Премиерот Нарендра Моди во саботата ги повика властите да ги зајакнат руралните здравствени ресурси и нивниот надзор, бидејќи вирусот брзо се шири во овие области, откако ги опустоши градовите.

Утар Прадеш, каде што живеат повеќе луѓе отколку Бразил или во Пакистан, е тешко погоден од вториот индиски бран на ковид-19. Здравствените експерти велат дека многу случаи не се откриваат во селата во таа држава, во кои живеат најголем дел од луѓето.

Индија стана најголемото жариште на коронавирусот во светот, каде што околу 4.000 луѓе умираат секој ден, според официјалните податоци. Официјалниот вкупен број на жртвите достигна четвртина милион. Случаите почнаа да се зголемуваат по верските собири и политичките митинзи што беа дозволени од владата. Земјата ја опустоши и варијантата Б.1.617 на вирусот, која се чини дека е позаразна.

Појавата на телата во реките ѝ дава поголема тежина на претпоставката дека вистинскиот број на починатите од ковид-19 во Индија е многу поголем - особено сега кога инфекциите се раширија од градовите и во руралните области со помалку болници и поштуро водење евиденција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе