Почина славна советска шпионка: Со мажот ги спасила Сталин, Рузвелт и Черчил

Советската шпионка Гоар Вартанјан, која со мажот Геворк спречила нацистички обид во 1943 година да се изврши атентат врз сојузничките лидери, умре во Москва на 94-годишна возраст, јавија руските агенции.

Гоар Вартанјан ќе биде погребена во петок на московските гробишта Троекурово покрај својот маж, исто така славен таен агент, кој почина во 2012, соопшти Сергеј Иванов, портпаролот на руската Странска разузнавачка служба (СВР).

Вартанјан учествувала во спречувањето на нацистичката операција „Скок во далечина“, чија цел била истовремено убиство на конференција во Техеран во 1943 година на советскиот лидер Јосиф Висарионович Џухашвили – Сталин, на американскиот претседател Френклин Рузвелт и британскиот премиер Винстон Черчил.

Геворк Вартанјан, одликуван со Орденот херој на Советскиот Сојуз, кажуваше дека Гоар е „заслужна за најмалку две од петте краци на неговата херојска петокрака“.

Гоар Вартанјан е родена во 1926 година во тогашна советска Ерменија, а со семејството во триесеттите години се преселила во Иран. На 16 години се придружила на една антифашистичка група и од тогаш со мажот работела на откривање на германските агенти.

„Анита“ и „Анри“, псевдонимите кои ги користеле сопружниците Вартанјан, работеле „во екстремни услови во бројни земји“, а СВР јави дека тоа биле и Франција, Грција, САД, Јапонија, Индија и Кина.

Рускиот претседател Владимир Путин, и самиот поранешен припадник на советската безбедносна служба КГБ, го посети седиштето на СВР во јуни 2017 и ја пофали работата на сите тајни агенти, па и на Гоар и Геворк Вартанјан.

Поранешниот советски агент Михаил Љубимов кажа дека „конкретната работа на Вартанијани никогаш нема да биде откриена за да се избегнат политички скандали во земјите во кои дејствувале сопружниците“.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе