Почина рускиот десничар Владимир Жириновски

Владимир Жириновски, лидерот на Либерално демократската партија на Русија (ЛДПР), почина по долга и тешка болест, јавуваат руските медиуми.

EPA-EFE

Веста за смртта на Жириновски ја соопшти Вјачеслав Володин, претседателот на Државната дума на Русија.

„По тешка и долга болест почина Владимир Волфович Жириновски. Човек кој длабоко разбираше како светот функционира и многу предвиде“, напиша Володин на Телеграм.

Како што јавува РИА Новости, на пленарната седница на Думата е одржана минута молчење за Жириновски.

75-годишниот Жиирновски беше примен во болница на 2 февруари со дијагноза на ковид-19. Претставници на неговата партија тогаш соопштија дека заболел од омикрон сојот на коронавирусот.

Руското министерство за здравство подоцна, на 11 февруари, соопшти дека неговата состојба е оценета како стабилна, а прес-службата на партијата додаде дека Жириновски продолжува да работи од болницата и одржува контакти со колегите пратеници.

Во едно интервју кон крајот на минатата година Жириновски кажа дека веќе примил осум вакцини против коронавирусот. Според него, се вакцинирал секои два месеци.

Пред две недели медиумите пренесоа лажна вест за смртта на Владимир Жириновски, но тогаш Володин соопшти дека е „жив, но дека неговата состојба е сериозна“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе