Почина прва жртва од коронавирусот во мигрантски камп во Грција

Грчките власти во неделата објавија дека новиот коронавирус ја однесе првата жртва во камп за мигранти. Станува збор за 61-годишен Авганистанец, татко на две деца, кој бил сместен во кампот Малакаси во близина на Атина, соопшти министерството за азил. Човекот бил примен во болница во Атина.

Фото: ЕПА

Во овој камп, како и во камповите Шисто и Елејонас, исто така во околината на грчката престолнина, бил воведен карантин на почетокот на септември поради зголемување на бројот на заразени со коронавирус меѓу мигрантите.

По неодамнешниот пожар во кампот Морија на островот Лезбос, повеќе од 240 баратели на азил биле позитивни на коронавирус во привремениот камп каде биле преместени.

Грција прифати повеќе од 24.000 мигранти кои се сместени во преполнети кампови, претежно на островите, од кои половината се сè уште на Лезбос.

Грчките власти пријавија 218 новоинфицирани со ковид-19 во земјата во неделата, со што вкупниот број достигна 17.444, тројца од нив починале или 379 од почетокот на пандемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе