Почина претседателот на Обединетите Арапски Емирати

Почина претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа Бин Зајед Ал Нахјан, објави државната новинска агенција ВАМ. Тој беше и владетел на емиратот Абу Даби.

Фото: ЕПА

Според Уставот, потпретседателот и премиер шеик Мохамед бин Рашид ал-Мактоум, владетелот на Дубаи, ќе ја извршува функцијата претседател додека федералниот совет, кој ги обединува лидерите на седумте емирати не се состане во рок од 30 дена и не избере нов претседател.

Шеикот Калифа, кој е роден во 1948 година, дојде на власт во 2004 година во најбогатиот емират Абу Даби и стана лидер на државата. Се очекува на местото владетел на Абу Даби да го наследи неговиот полубрат принцот шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Тој беше де факто владетел на Обединетите Арапски Емирати, близок американски сојузник, откако Калифа Бин Зајед Ал Нахјан доживеа мозочен удар во 2014 година, по што ретко можеше да се види во јавноста.

Во ОАЕ е прогласена 40-дневна жалост.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе