Во Русија

Почина Мира Марковиќ, вдовицата на Слободан Милошевиќ

Мира Марковиќ, вдовицата на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, почина во Русија на 76-годишна возраст.

Нејзината смрт ја потврдил близок пријател на семејството, Милутин Мркоњиќ.

Позната како „Леди Магбет на Балканот“, Марковиќ беше значајна политичка фигура за време на распадот на Југославија во 1990-тите.

Таа беше една од најдоверливите и највлијателни советници на нејзиниот сопруг, пред тој да биде уапсен во 2001 година, но две години подоцна Марковиќ избега во Русија.

Милошевиќ почина во 2006 година, во Трибуналот на ОН за воени злосторства, во Холандија. Беше обвинет за геноцид и други воени злосторства за неговата клучна улога во војните во 90-тите, кои го разорија Балканот.

Беа во брак четири децении и беа речиси неразделни до екстрадицијата на Милошевиќ.

Иако политичкото влијание на Марковиќ се должеше на тоа што нему му беше најдоверлива личност, таа имаше и своја политичка партија, неокомунистичката Југословенска обединета левица (ЈУЛ).

Пред да се запознае со својот сопруг, Марковиќ имала тешко детство. Нејзината мајка била партизанка, која била заробена од нацистите во 1942 година. Измачувана, таа наводно им издала тајни. Според едно сведоштво, по нејзиното ослободување, нејзиниот сопствен татко - дедо на Марковиќ - наредил убиство на својата ќерка за предавство.

Во 2003 година Марковиќ избега од Србија, каде што беше обвинета за злоупотреба на службената должност и беше осомничена за шверц со цигари и политичко убиство.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе