Во Балморал пристигнаа престолонаследникот Чарлс, војводата од Јорк, принцот Ендрју, грофот и грофицата од Весекс, Едвард и Софи и принцезата Ана. Кралицата е придружувана од постариот син на Чарлс, принцот Вилијам. Принцот Хари, според британските медиуми, е на пат кон Балморал, но без сопругата Меган Маркл. Во Виндзор престојуваше и сопругата на принцот Вилијам, Кетрин, војвотката од Кембриџ.
The Queen died peacefully at Balmoral this afternoon.
— The Royal Family (@RoyalFamily) September 8, 2022
The King and The Queen Consort will remain at Balmoral this evening and will return to London tomorrow. pic.twitter.com/VfxpXro22W
На почетокот на оваа година кралицата Елизабета ја прослави својата 70-та година на тронот.
Чарлс, синот на кралицата, е новиот британски крал.
Тој автоматски станува крал како најстариот син на Елизабета Втора. Тој ја наследува титулата на чело на Комонвелтот, како и имотот.