Почина израелскиот шпион кој уапси еден од најголемите нацистички злосторници

Рафи Еитан поранешен израелски министер и разузнувач на Мосад почина во саботата на возраст од 92 години. Еитан ја предводеше операцијата за апсење на еден од најозлогласените нацисти - бегалецот Адолф Ајхман.

„Изгубивме храбар борец кој придонсе за безбедноста на Израел за што ќе учат наредни генерации“, рече претседателот Реувен Ривлин.

Еитан почина откако беше хоспитализиран во Тел Авив, објавија израелските медиуми.

Тој имаше влијателна улога во првите години од создавањето на израелската разузнавачка служба.              

Во 1960 година тој беше одговорен за операцијата на Мосад за фаќање на Ајхман, архитект на холокаустот, кој живеел во Аргентина под лажен идентитет. Ајхман бил фатен и однесен во Израел, каде што беше обвинет за злосторства против човештвото, беше прогласен за виновен и обесен.

Еитан исто така беше вклучен во планирањето и извршувањето на нападите врз ирачкиот нуклеарен реактор Осирак во 1981 година, во согласност со израелското Министерство за надворешни работи.

Тој ја и предоводеше и израелската канцеларија за академски односи кој била вмешана во скандалот околу Џонатан Полард, американски разузнавачки аналитичар уапсен во 1985 година и осуден во 1987 година на доживотен затвор за шпионажа во корист на Израел.

Израел рече дека Полард бил регрутиран во незаконска операција на канцеларијата, која потоа била распуштена.

Еитан ја презеде одговорноста за ова и поднесе оставка.

Тој беше избран за претставник во парламентот во 2006 година, каде што беше три години и ја држел функцијата министер на пензии.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе