Почина Бранко Мамула

Адмиралот на флота на Југословенската воена морнарица во пензија Бранко Мамула почина синоќа во 101-та година од животот во Тиват.

Скриншот Јутјуб

Еден од најзначајните военополитички раководители на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, адмиралот на флота на Југословенската воена морнарица Бранко Мамула, почина синоќа во 101-та година во Тиват.

Мамула беше една од најмаркантните личности кои учествуваа во формирањето и развојот на некогашна Титова Југославија, од Втората светска војна до крвавиот распад во војните од деведесеттите.

Роден е на 30 мај 1921 година во селото Славско Поље на Кордун во Хрватска.

Учесник е во Народноослободителната војна и носител на Партизанска споменица 1941.

По војната вршеше високи функции во флотата на Југословенската воена морнарица, односно Военопоморскиот школски центар, како и во Петтата поморска зона на ЈРМ која го контролираше северниот дел од Јадранското Море, а потоа вршеше должности во Главната политичка управа на Министерството за народна одбрана, но го одби барањето да ја преземе должноста началник на Управата за државна безбедност за областа на Хрватското примирје и Истра.

Во јуни 1979 беше поставен на должноста началник на генералштабот на ЈНА на која останува до мај 1982 кога беше именуван за сојузен секретар (министер) за народна одбрана , што остана до пензионирањето во највисокиот морнарички чин – адмирал на флота во 1988 година.

Мамула е носител на 11 југословенски високи одликувања и 10 други високи ордени со кои го одликувале Полска, Судан, Италија, Франција, Индонезија, Непал, Тунис, Грција, Австрија и Јордан.

Добитник е на повеќе спомен-медали во СФРЈ, СССР, Руската Федерација и Црна Гора.

Мамула беше погребан денес на градските гробишта во Тиват.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе