Одлука на францускиот претседател

Победа на „Жолтите елеци“: француските власти се откажуваат од зголемувањето на данокот на гориво

Францускиот претседател Емануел Макрон го повлече денес предлогот за зголемување на данокот за гориво по повеќенеделните протести низ земјата и најголемите немири во Париз во последните децении.

Претставник на Елисејската палата кажа дека Макрон решил да се откаже од зголемувањето на данокот.

Премиерот Едуар Филип во парламентот кажа дека „данокот е исфрлен“ од буџетот за 2019 и дека владата е „спремна за дијалог“.

Сепак, буџетот може да биде менуван во текот на целата година.

За време на тринеделните протести четири лица ги загубија животите, а протестите се покажаа како огромен предизвик за Макрон.

Нешто претходно денес еден од лидерите на протестното движење „Жолти елеци“ кажа дека јавноста сака претседателот „да ја признае грешката со едноставни зборови“.

Во Франција од 17 ноември се организираат протести и блокади на движењето „Жолти елеци“ кои почнаа да се собираат најпрвин поради најавеното зголемување на данокот на горивото, но тоа набрзо прерасна во општо незадоволство од политиката на претседателот Макрон.

Над 100 луѓе беа повредени во главниот град на Франција и 412 беа приведени за време на викендот во најголемите урбани немири во Франција во последните децении при што беа запалени десетици возила, кршени излози, и ишарана со графити и оштетена Триумфалната капија.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе