Индијанаполис, САД

Побарал да излезе од час, се вратил со пиштоли и пукал

Најмалку две лица се повредени кога еден од учениците отворил оган во основното училиште во американската држава Индијанаполис, објавија официјални лица.

Повредени се еден ученик и нивниот учител, пренесе АП.

Напаѓачот побарал да излезе од час, а потоа се вратил носејќи два пиштоли и отворил оган.

Шефот на полицијата во Нобесвил, Кевин Џовит, изјави дека напаѓачот е уапсен и, најверојатно делувал сам.

Повредените се префрлени во болница, а тежината на нивните повреди е непозната.

Седмоодделенецот Итан Стоунбрејкер кажа дека наставникот по природни науки го конфронтирал напаѓачот и со тоа спречил уште повеќе повреди, за кого кажа дека извадил пиштол и почнал да пука додека одделението решавало тест.

„Нашиот наставник по природни науки веднаш се стрча кон него, му го одзеде пиштолот од раката и го турна на земја“, рече Стоунбрејкер. „Да не беше тој, повеќемина од нас ќе беа повредени засигурно“, пренесе АП.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе