Одржани нови протести

Побараа од Вучиќ до Божиќ да го избрка Рио Тинто од Србија (ВИДЕО)

Протестот на повик на движењето Еколошко востание заврши пред владата на Србија денес околу 15 часот, а од собирот му беше упатен „ултиматум“ на претседателот на Србија Александар Вучиќ до Боќиќ, 7 јануари, „да му каже на Рио Тинто марш од Србија“.

EPA-EFE

Организаторите на протестот најавија дека во спротивно Вучиќ „ќе има општа мобилизација низ Србија“.

Еден од лидерите на Еколошко востание Александар Јовановиќ Ќута побара од собирот воведување мораториум за копање литиум во Србија, повлекување на пријавите и судските процеси против учесниците на претходните блокади на сообраќајот низ земјата и процесирање на „оние кои ги тепаа граѓаните“ на тие собири.

Тој ѝ порача на компанијата Рио Тинто дека „им пропаднало секое евро“ кое го вложиле во Србија, а на претседателот Александар Вучиќ дека граѓаните се „уморни од него“ и дека е „време за разделба“.

На учесниците на протестот, кои ги имаше повеќе од илјада, им се обрати и глумицата Светлана Бојковиќ која кажа дека мора да се продолжи со протестите против најавениот проект на компанијата Рио Тинто бидејќи, како што оцени, станува збор за „опстанокот, животот, здравјето“.

„Тоа не смее да се чепка, според тоа марш Рио Тинто“, кажа Бојковиќ.

Протестот помина без инциденти и без видливо присуство на униформирани полицајци, а раскрсницата Немањина и Улица Кнез Милош во Белград беше блокирана за сообраќај околу еден час.

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин изјави дека еколошките протести се обиди за дестабилизација на Србија пред априлските избори.

„Само се бара повод за хаос. Ја повлековме полицијата од протестите, бидејќи полицијата не може да обезбедува ненајавени собири, а од нас не беше ни побарана согласност“, кажа Вулин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе