Студија во Италија

По вакцината инфекцијата со ковид е намалена за 80 проценти

Пет недели по приемот на првата доза од вакцината против коронавирусот, инфекцијата со ковид-19 е намалена за 80 проценти, приемот во болница е за 90 проценти помал, а смртните случаи достигнуваат дури 95 проценти, според студија на научници од италијанскиот Национален институт за здравство, на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица.

Фото: ЕПА

Според агенцијата Анса, ова е прво вакво обемно истражување на земја-членка на Европската Унија за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а анализирани се податоците од почетокот на вакцинацијата на 27 декември минатата година до 3 мај.

Податоците покажале дека моделот бил ист кај мажите и жените, без оглед на нивната возраст, и дека ризикот од инфекција постепено се намалувал две недели по приемот на првата доза.

Од 13,7 милиони луѓе вклучени во студијата, 95 проценти ги добиле обете дози на Фајзер или Модерна, а останатите пет проценти биле вакцинирани со Астразенека.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе