Должината на престојот ќе зависи од околностите

По Украина, не го сака ни Полска: Сакашвили отиде во Холандија

Украинскиот опозиционер Михаил Сакашвили денес отиде во Холандија, родната земја на неговата сопруга, откако му беше одбиена дозволата за влез од Украина во соседна Полска.

Сакашвили, обвинет за поттикнување на државен удар во Украина минатото лето, беше уапсен во понеделникот и протеран во Полска, јавија тогаш украинските власти.

Не е познато колку долго Сакашвили ќе се задржи во Холандија, ни со што таму ќе се занимава, наведе АП.

„Ќе видиме“, изјави Сакашвили на прашањето на холандската државна телевизија НОС за тоа колку долго ќе се задржи во земјата.

Тој рече дека должината на неговиот престој ќе зависи од околностите, наведувајќи дека дошол во Холандија поради случувањата во Украина, и дека таа е земја во која доаѓа многу често.

Сакашвили бил претседател на Грузија од 2004-2013, а 2015 година бил поставен за гувернер на украинскиот регион Одеса. Во 2016 година поднел оставка од позицијата, жалејќи се дека централните власти ја попречуваат неговата борба против корупцијата.

По заминувањето од Грузија на Сакашвили му е одземено украинското државјанство, а властите го обвинуваат дека од поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович добил половина милион долари за организирање протести и да се сруши сегашниот претседател Петро Порошенко.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе