Постигнат договор

По Турција и Саудиска Арабија го купува рускиот ракетен систем С-400

Саудиска Арабија постигна договор со Русија за купување на рускиот ракетен систем С-400, јави саудиската телевизија Ал Арабија.

Како што се тврди, двете страни потпишале меморандум за разбирање за на саудиското кралство да му се помогне во напорите да развие сопствена воена индустрија.

Саудиската телевизија ова го јави за време на посетата на Москва на саудискиот крал Салман, пренесува Ројтерс.

Претходно вчера, потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин изјави дека Саудиска Арабија покажала интерес за купување руски ракетни системи С-400, откако Турција за истиот систем за противвоздушна одбрана веќе уплати аванс.

„Постои интерес, нормално. Преговорите за С-400 напредуваат, но сѐ уште нема конечни одлуки“, кажа Рогозин зборувајќи за преговорите со Саудиска Арабија, пренесе Тасс.

Рогозин додаде дека за воено-техничката соработка со Саудиска Арабија се разговарало зад затворени врати.

Кон крајот на септември помошникот на претседателот на Русија за воена и технолошка соработка Владимир Кожин кажа дека Русија на Турција ќе ѝ испорача систем за противвоздушна одбрана С-400, за кој веќе уплатила аванс, но дека Турција нема да може да ја добие и производната технологија за тој систем.

Кожин тогаш истакна дека за давање на производната технологија на Турција не се ни разговарало.

С-400 „трумф“ е најновиот противавионски ракетен систем со долг дострел кој влезе во служба во 2007 година. Дизајниран е да соборува авиони, крстосувачки и балистички ракети.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе