По социјалните мрежи се шири снимка од Кина, ги покажува паниката и гневот во пренатрупана болница (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири снимка што ја наводно покажува ситуацијата во една болница во Вухан, градот со 11 милиони луѓе од каде што почна епидемијата на коронавирусот.

Како што јавува Си-ен-ен, кој исто така ја објави снимката, автентичноста не може да се утврди. Сепак, новинарите на американската мрежа ја анализирале снимката и дијалектите на луѓето во неа и веруваат дека може да биде автентична.

Исто така, она што се гледа на снимката е во согласност на она што го објавуваат кинеските медиуми.

На снимката се гледа ходник полн со пациенти. Една службеничка на болницата вика: „Сите престанете да зборувате, слушајте ме. Тишина“. Таа им дава инструкции на други службеници да ги наредат сите луѓе кои доаѓаат по резултати од тестирањата.

„Сите што доаѓаат по резултати од тестови нека го следат ова момче до влезот и нека се наредат. Не се нервирајте“, зборува таа.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе