По серијата тресења, германската канцеларка падна на колена (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел се сопна при излегување на подиум, притоа шалејќи се дека следниот пат ќе оди по скали.

Меркел кажа дека не ги видела скалите кои водат до бината, за притоа да ја изгуби рамнотежата кога се обиде да се качи.

Проблемите кои ги има Меркел се најдоа во фокусот на јавноста летоска, кога трипати беше снимена во јавност како се тресе.

Првиот пат беше снимена при дочекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, што таа го објасни со дехидрација. Девет дена подоцна, додека стоеше зад германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, можеше да се види како ѝ се тресат телото и рацете, а третиот пат се случи за време на интонирањето на химните при посетата на финскиот премиер Анти Рине.

Меркел која по серијата инциденти беше приморана да седи при интонирањето, нема историја на сериозни зравствени заболувања, а минатата година ѝ го предаде лидерството над Христијанско-демократската унија на Анагрет Крамп Каренбауер.

Канцеларката која е на власт од 2005, вети дека ќе се повлече до следните избори во 2021 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе