По серија тремори, столица за Меркел за време на интонацијата на химната

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека знае дека мора да се грижи за своето здравје, откако во три наврати се тресеше за време на јавни настани.

„Прво, мора да се разбере дека сум свесна за одговорноста на мојата работа. Јас се однесувам одговорно кога е во прашање моето здравје“, изјави Меркел на прашањето за нејзиното здравје на прес-конференцијата со данската премиерка Мета Фредериксен, пренесе Ројтерс.

„И јас лично сум заинтересирана да бидам здрава и се грижам за своето здравје“, истакна канцеларката која следната недела ќе го прослави 65-тиот роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.

Меркел денес не покажуваше знаци на лошо здравје, но со гостинката седеа пред зградата на владата во Берлин, што е невообичаено и против протоколот за време на укажувањето воени и државни почести.

Канцеларка вчера по трет пат имаше тремор, додека на истото место стоеше со премиерот на Финска Анти Рине.

Меркел за првпат е видена дека има тремор за време на состанокот со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на 18 јуни, а потоа на 27 јуни на церемонијата со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер.

Меркел денеска изјави дека од првиот случај на тресење во средината на јуни е под психолошко влијание на тоа искуство, и дека тоа е причина за следните случаи на тремор.

Таа нагласи дека „ќе мора да живее со тоа некое време“, но дека „нема причина за загриженост“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе