По САД и Израел најави повлекување од УНЕСКО

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денес дека Израел се подготвува за излегување од УНЕСКО, неколку часа откако САД објавија дека ја напушаат агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура.

Нетанјаху му наложил на израелското министерство за надворешни работи да почне со подготовките за излегување од УНЕСКО. САД денес ја информираше агенцијата на ОН дека излегува од нејзиното членство, обвинувајќи ја за „антиизраелско однесување“.

Вашингтон уште на почетокот на јули ја најави намерата да го преиспита својот однос кон УНЕСКО по одлуката на тоа тело на главната светска организација стариот јудејски град Хеброн, на Западниот брег, да го прогласи за палестинско богатство на листата на светското наследство.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе