По Путин со камионот, по мостот извозеа и „ноќните волци“ (ВИДЕО)

Кримскиот мост и официјално е отворен за сообраќај. Го отвори Путин, возејќи камион. По него, по мостот се провозаа и „ноќните волци“.

Како што пренесе Спутник, меѓу првите што по претседателот на Русија поминаа од континенталниот дел на Русија на полуостровот Крим се официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова и водачот на руските бајкери „Ноќни волци“, Александар Залдостанов Хирург.

Од Тамањ рано наутро тргна колона автомобили и мотори. Мостот први го поминаа локалните жители, градителите на мостот, ветераните и официјалната претставничка на МНР на Русија Марија Захарова.

На приодот кон мостот во Керч, пред отворањето, се собраа неколку стотици автомобили. Колоната на бајкерите ја предводеше водачот на „Ноќните волци“ Александар Залдостанов Хирург.

Настанот прерасна во вистински спектакл: возила и мотори украсени со руски знамиња, луѓе правеа селфи и снимаа со камери, се слушаа сирени, повици.

Кримскиот мост што го поврзува полуостровот со континенталниот дел на Русија е отворен за сообраќај во 5 часот и 30 минути по локално време.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе