По преговорите во Вашингтон

Ерменија и Азербејџан се обврза на „хуманитарен прекин на огнот“ во Нагорно Карабах од понеделник

Ерменија и Азербејџан се обврзаа повторно од утре да го почитуваат „хуманитарниот прекин на огнот“ во областа Нагорно Карабах, се наведува вечерва во заедничкоо соопштение со САД по преговорите во Вашингтон.

EPA-EFE

Помошникот на шефот на американската дипломатија Стивен Биеган се сретна со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија.

Претходно одвоени средби со нив имаше шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.

„Хуманитарниот прекин на огнот стапува на сила во понеделник во 8:00 часот по локално време“, се наведува во соопштението.

Азербејџан и Ерменија меѓусебно се обвинуваат за кршење на претходните прекини на огнот во Нагорно Карабах каде судирите беа обновени на 27 септември.

Вашингтон заедно со Франција и Русија е дел од Минската група која ја формираше Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), како главен посредник во решавањето на тој конфликт.

Нагорно Карабах е енклава во Азербејџан населена со Ерменци и од војната во првата половина на 90-тите години владата во Баку нема контрола врз таа територија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе