По пожарите и поплавите, Австралија е под наезда на лебарки (ВИДЕО)

Морничава снимка на која може да се видат илјадници лебарки во одводна цевка на една куќа во Квинсленд им послужи како предупредување на локалните жители дека е во тек наезда на овие инсекти поради исклучително влажните временски услови.

Компанијата Нуфлоу текнолоџис од Голд Коуст, која се бави со поправка и замена на цевки, истакна дека бројот на лебарките е зголемен поради поплавите, пренесува австралиски Њуз.

Компанијата соопшти дека засилените врнежи довеле до тоа во водоводните системи да се скријат илјадници лебарки и комарци, а ако цевките во домаќинствата се пукнати или расипани, тие полесно ќе го најдат патот во домовите.

Видеото кое се снимено во одводен систем на куќа во Голд Коуст покажува дека во цевките има илјадници лебарки.

Дождовите и поплавите ги насочуваат лебарките во овие „засолништа“ од кои потоа излегуваат во потрага по храна, па важно е домаќинствата да ги проверат своите цевки за да немаат проблем со овие носители на болести.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе