По повеќе од еден месец на танкер, емигранти префрлени на хуманитарен брод

Група од 27 емигранти која повеќе од еден месец помина на танкерот Маерск Етјен безбедно е префлрена на бродот на невладината организација Медитеранеа, јави синоќа Ројтерс.

EPA-EFE

Екипажот на танкерот ги спасил емигрантите од дрвено бротче на 4 август во близина на Малта. Со денови плутале, а бротчето потонало веднаш по операцијата на спасување.

На танкерот му биле дадени упатства да ги спаси емигрантите додека бил во заливот Габес на Малта, на пат од Џенова до пристаништето Ла Скира во Тунис.

Малтешките, италијанските и либиските власти не дозволиле истоварување на емигрантите, па операторот Маерск танкерс побарал помош од хуманитарниот брод Медитеранеа да го процени здравјето на емигрантите меѓу кои имало и бремена жена.

„До преместување на емигрантите дошло по проценката дека им е потребна итна нега во соодветни медицински установи“, соопшти Маерск танкерс.

2020 година ја одбележува нов раст на обидите за префрлање на емигрантите по централната медитеранска рута, која се смета за најсмртоносна во светот, а потенцијалните емигранти најмногу испловуваат од Либија и соседен Тунис.

Над 300 емигранти загинаа годинава во обид за преминување на Медитеранот обидувајќи се да стигнат на европското копно, проценува Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе