По повеќе од 100 дена коронавирусот повторно се појави во Нов Зеланд

По 102 дена во Нов Зеланд повторно се појави коронавирусот и пoради тоа градот Окленд повторно e ставен во карантин, пренесува Блумберг.

EPA-EFE/DAVID ROWLAND

Властите откриле четири случаи на коронавирус во едно домаќинство во Окленд од непознат извор, во тек е потрага по контактите за да се спречи ширење на инфекцијата, изјави денес премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн.

Нов Зеланд забележа 102 дена без локална трансмисија во заедницата, а изолираните случаи биле ставени во карантин на граница.

„Ниедна друга земја во светот не беше толку долго без локална трансмисија како Нов Зеланд“, рече Ардерн пред новинарите.

„Заедно веќе го победивме вирусот. Можеме и повторно“, додаде таа.

Во Окленд сега е прогласена состојба од 3 степен, што значи луѓето се советуваат да не излегуваат надвор и да избегнуваат контакти со другите. Во остатокот од земјата е прогласена состојба од 2 степен што значи дека луѓето треба да се придржуваат кон мерките на пропишана оддалеченост и дека е ограничен бројот за собири на јавни места. Оваа одредба ќе важи три дена.

Денешните вести значат „дека речиси сигурно има други активни случаи на ковид-19 присутни во Окленд во моментот“, рече Шон Хенди, професор на Универзитетот во Окленд. „Исто така, постои можност болеста да се прошири и во другите делови на земјата“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DAVID ROWLAND

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе