По најавата за олеснување на мерките, Британците масовно почнаа да резервираат годишни одмори

Планот на владата за ублажување на корона-мерките во Велика Британија предизвика лавина од резервации за одмор во странство, влевајќи надеж кај туристичките оператори и авиокомпаниите дека летото може да донесе олеснување во корона-кризата.

EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британците ќе ги дознаат деталите на 12 април, кога владата ќе објави анализа за патувањата. Лондон соопшти дека забраната за повеќето патувања во странство ќе остане на сила барем до 17 мај.

Вчерашното соопштение на премиерот веќе предизвика лавина резервации за одмор во странство.

Водечкиот европски тур-оператор ТУИ објави дека во понеделникот забележале најмногу резервации за повеќе од еден месец, истакнувајќи го големиот интерес на граѓаните за летни одмори во Грција, Шпанија и Турција, наведе Би-би-си.

Томас Кук вели дека сообраќајот на нивната веб-страница во понеделникот по 15 часот е двојно зголемен, со поплава на резервации за дестинации во Грција, Кипар, Мексико и Доминиканската Република.

Дисконт авиокомпанијата Изиџет објави дека резервациите за летови повеќе од четирикратно се зголемени, додека резервациите за летни одмори на локации како Аликанте, Малага, Палма, Фара и Крит се седумкратно зголемени.

Повеќето резервации се за август, а потоа следи јули, а потоа септември, наведе Би-би-си.

„Додека чекаме повеќе детали, јасно е дека амбицијата на владата е да ги отвори меѓународните патувања во наредните месеци и се надеваме дека ќе биде за време за летните одмори“, објавија тие.

Највата на Џонсон „го овозможи неопходното зајакнување на довербата“ на купувачите во Велика Британија, рече извршниот директор на Изиџет, Јохан Лундгрен.

„Постојано сведочевме на пригушената побарувачка за патувања, а бранот резервации покажува дека потрошувачите во Велика Британија само чекаа сигнал од владата дека планира повторно да ги овозможи патувањата“, додаде Лундгрен.

Разочарани, пак, се оние кои сметаа на патувања за време на велигденските празници.

Секторот е „силно разочаран“, особено домашните изнајмувачи на мобилни домови и руралниот сектор, изјави експертката за малопродажба Кејт Хардкасл за Би-би-си.

„Велигден е, секако, клучен датум за патувања во календарот на туристичките агенции и хотелскиот сектор, и таа можност е изгубена, еден празник помалку за домашна продажба“, објаснува Хардкасл.

Хотелскиот гигант Интерконтинентал хотелс, сопственик на брендовите Краун Плаза и Холидеј ин, објави дека секторот годинава најверојатно нема да се опорави од коронакризата, во зависност од вакцинацијата против ковид-19.

„Годината 2021 започна со бројни предизвици кои не исчезнаа“, рече извршниот директор Кит Бар.

Компанијата објави дека минатата година ја заклучи со загуба од 260 милиони долари, според Би-би-си.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/VICKIE FLORES

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе