Со нетрпение се очекуваше дождот, но сега се заканува нова опасност

По месеци пожари на Австралијците им пристигна дожд, сега се борат со поплави (ВИДЕО)

Силни грмежи и обилни врнежи од дожд денес ги погодија делови од источниот брег на Австралија и некои големи патишта се затворени поради поплави, но и понатаму продолжуваат борбите со речиси 100 пожари во тие делови на земјата бидејќи некои погодени области останаа без дожд.

Па така, државите Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд кои досега беа погодени од суша и огромни пожари во кои загинаа 29 луѓе, уништени се повеќе од 2.500 домови и запалени се милиони хектари земја, сега се борат со големи дождови и поплави, јави Ројтерс.

Патиштата во Квинсленд утрово се затворени, како и многу паркови и туристички атракции, а некои станбени области се поплавени.

Во делови на Нов Јужен Велс е прекинато снабдувањето со електрична енергија за време на бурната ноќ, а од пожарните служби на државата е соопштено дека силните дождови би можеле да помогнат да се стават под контрола 75 пожари.

Десетици пожари сè уште горат во Викторија, но наредбата за евакуација поради пожар во планинските делови е укината.

Во таа држава веќе имало силни бури кои помогнале во гасењето на пожарите, но и созадавање густ нездрав чад, што може да влијае и на одржувањето на последната рунда квалификациски натпревари на Австралија опен.

Одбранбените сили на Нов Зеланд најавија дека испраќаат повеќе засилување во Австралија, вклучително и оние од Фиџи, кои ќе им се приклучат на контингентите и специјалците од другите земји, како што се Јапонија и САД.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе