Премиерот Бабиш утринава со писмо поднесе оставка, бидејќи претседателот на Чешката Република Милош Земан од 10 октомври е во болница со компликации поради хронично оштетување на црниот дроб и своите работни задачи може само да ги извршува само делумно, а посетите на одделението каде што лежи се забранети поради на санитарните мерки.
„Го одржав ветувањето дека ќе бидеме рекордери во брзината на поднесувањето оставка на владата. Бевме поразени на избори и одиме во опозиција. Ќе работиме до последен момент ништо да не запоставиме“, рече Бабиш.
Изборите се одржаа на 8 и 9 октомври, а Земан од болница му довери на лидерот на победничката коалиција Заедно, Петар Фијала, да ги води преговорите за формирање влада на двете коалиции, кои заедно имаат удобно мнозинство од 108 пратеници од 200 во долниот дом на парламентот.
Откако болниот претседател Земан се откажа од своите предизборни најави дека ќе му го довери мандатот за формирање влада на Бабиш, без разлика на волјата на гласачите, а Заедно и Пиратите и СТАН во понеделникот потпишаа коалициски договор и провизорно одредија 18 министри во Владата заедно со премиерот Фијала, Чешката Република овојпат би можела да има влада брзо, до Божиќ.
Земан, кој помина речиси еден месец на интензивна нега во Централната воена болница во Прага, а во моментов лежи на Одделот за рехабилитација, в понеделник ќе биде префрлен во т.н. стандардно одделение, каде што ќе може да прима посети од функционери и да врши дел од уставните обврски.