По хаотичното повлекување шефот на американската дипломатија тргнува во дипломатска акција

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе се обиде неделава за време на посетите на Катар и Германија да оформи обединет фронт со сојузниците околу талибанците, но и околу прашањата за помош во евакуацијата од Авганистан на преостанатите Американци и Авганистанци кои се во опасност.

EPA-EFE

Блинкен патува во Катар и во Германија, додека министерот за одбрана Лојд Остин вчера ја почна заливската турнеја која ги вклучува Саудиска Арабија, Катар, Бахреин и Кувајт.

Посетите на двајцата исклучително важни политичари кога станува збор за американската национална безбедност доаѓа во време кога владата на претседателот Џо Бајден сè уште ги чувствува последиците на двонеделното хаотично повлекување од Авганистан откако талибанците на 15 август ја преземаа власта.

Блинкен за време на турнејата, со која ќе им се заблагодари на заливските земји и на Германија, кои му помогнаа на Вашингтон во евакуацијата на илјадници луѓе од Кабул, ќе се сретне во Доха со високи катарски функционери, а во Германија со министерот за надворешни работи Хеико Мас во воздухопловната база Рамштајн.

Не се очекува Блинкен и Остин да се сретнат со претставници на талибанците, соопштија американските власти.

Дваесетгодишната американска војна во Авганистан кулминираше со лошо организираниот воздушен мост кој во земјата остави илјадници Авганистанци кои им помагале на САД. Покрај тоа, беше извршен самоубиствен напад во кој загинаа 13 американски војници и десетици Авганистанци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе