По хаосот во Ротердам откажан е протестот против мерките во Амстердам

Протестот против епидемиолошките мерки предвиден за денеска во Амстердам е откажан по насилството што избувна синоќа во Ротердам, соопштија организаторите.

EPA-EFE/JEFFREY GREENWEG

„Синоќа настана пекол во Ротердам“, објави на Фејсбук организацијата против епидемиолошките мерки „Јунајтед уи стенд Јуроп“.

Протестот против епидемиолошките мерки и делумното затворање ескалираше синоќа во центарот на Ротердам во бунт во кој беа повредени најмалку седум лица, меѓу кои и полицајци, а неколку десетици лица беа приведени. Причинета е и голема материјална штета.

Организаторите затоа заклучија дека одржувањето протест во Амстердам не би било соодветно.

Насилството во Ротердам го осуди министерот за безбедност и правда Ферд Граперхаус. Граперхаус рече дека е извршено екстремно насилство против полицијата, итните служби и пожарникарите и најави темелна истрага за полициската употреба на оружје, пренесува агенцијата дпа.

Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб ги опиша настаните како оргии на насилство. Полицијата во Холандија ретко користи огнено оружје.

Холандскиот министер за правда рече дека биле извршени напади насочени врз полицајци, пожарникари и новинари. Неколку стотици полицајци дошле од целата земја во тој пристанишен град за да помогнат во воспоставување на редот. Полицијата околу 1 часот и 30 минути извести дека ситуацијата конечно е под контрола. Денеска, пак, ќе се одржи протест во јужниот град Бреда, јавуваат локалните медиуми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JEFFREY GREENWEG

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе