По гласен тресок стампедо во Њујорк, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку три инциденти во САД, ги натерале луѓето да бегаат барајќи засолниште само неколку дена по двете масовни пукања, на растојание од само 13 часа, во кои животот го загубија повеќе од 30 лица во Тексас и Охајо.

Така, овој вторник, по громогласен тресок од мотоцикл на плоштадот Тајмс Сквер во Њујорк, се создало вистинско стампедо каде луѓето помислиле дека станува збор за пукање и сакале што побрзо да се засолнат, пренесе Ен-би-си њуз.

Паника избила и во други два инциденти, поради наводна вооружена пресметка во Волмарт во Луизијана и пад на огласна табла во Јута, бидејќи и тогаш, граѓаните помислиле дека слушнале истрели на масовен убиец.

На видеоснимката, снимена вчеравечер на Тајмс Сквер се гледа како луѓето во паника бегаат од плоштадот, инаку познатата туристичка атракција, затоа што слушнале звук за кој мислеле дека е пукање од огнено оружје.

Но, полицијата соопшти дека се работело само за гласно поминување на мотоцикл.

„За време на минувањето на мотоциклот, имало звук што потсетувал на истрели од огнено оружје“, напиша полицискиот оддел на Њујорк на Твитер, додавајќи дека добиле повеќе итни повици.

„Ве молиме без паника. Тајмс Сквер е многу безбеден!“, се додава.

Си-би-ес пишува дека луѓето буквално ги губеле чевлите трчајќи, ги фрлале своите торби и ги прескокнувале оние што паднале на земја. Исто така се наведува дека сведоците кажале дека многу деца плачеле од страв.

Информациите за повредите од стампедото засега се противречни. Ен-би-си њуз пренесе дека полицијата објавила дека најмалку еден пешак е повреден, Њујорк пост тврди дека деветмина биле повредени, а седум завршиле во болница, а Дејли меил пренесе дека 22 лица се здобиле со полесни повреди.

Вчера во Волмарт во Луизијана се случила пресметка помеѓу двајца мажи, при што едниот од нив извлекол пиштол.

„Кога купувачите го забележаа пиштолот, дојде до паника. Сите почнаа да трчаат и да врескаат, сакајќи што е можно поскоро да ја напуштат продавницата“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот Ист Батон Руж.

Полицијата првично соопшти дека сведоците тврделе дека двајцата мажи почнале да пукаат. Подоцна било утврдено дека воопшто не дошло до пукање и дека само едниот маж се здобил со повреди додека бегал од полицијата.

Во вторникот, во трговскиот центар Вели фер во Јута, паднала огласна табла при што се слушнал звук сличен на пукање што предизвикало масовна паника.

Кога пристигнала полицијата, луѓето во паника бегале од објектот, а некои се криеле во трговскиот центар.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе