Кралицата им посака среќа и мир

По четири века под британската круна, Барбадос стана република (ВИДЕО)

Со инаугурацијата на новоизбраната претседателка Сандра Мејсон, прва во историјата на малиот карипски остров, Барбадос синоќа точно на полноќ по локално време стана република, прекинувајќи ги последните врски со Велика Британија по четири века колонијална потчинетост.

Фото: ЕПА

Новата република се роди на последното отчукување полноќ – во 5 часот по средноевропско време - откако беше спуштено британското кралско знаме и подигнато претседателското знаме на преполниот плоштад на хероите во Бриџтаун.

На конечниот премин на тој остров на рајски плажи и рум од монархија во република присуствуваше и принцот Чарлс, британскиот престолонаследник.

Британската кралица Елизабета Втора испрати до новата република Барбадос „најтопли, најдобри желби за среќа, мир и просперитет во иднината“ додека го слави својот „посебен ден“. Во пораката до новата претседателка Сандра Мејсон и граѓаните на карипската држава, кралицата ја пофали нацијата, која има „посебно место“ во нејзиното срце, со „нејзината енергична култура, спортска сила и природна убавина“.

Отфрлањето на Елизабета Втора, на која и понатаму ѝ остануваат уште 15 кралства - вклучувајќи ги Британија, Австралија, Канада и Јамајка - Барбадос го гледа како последна фаза во процесот на ослободување од демоните на своето колонијално минато.

По раскошната музичко-сценска програма надополнета со говори во чест на крајот на колонијализмот, во сенката на зградата на парламентот, Сандра Мејсон ја презеде функцијата како прв претседател на Барбадос.

Раѓањето на републиката, точно на 55-годишнината од прогласувањето независност, ги прекинува практично сите колонијални врски што го држеа тој мал остров подреден кон британската монархија откако еден англиски брод во 1625 година го присвои за кралот Џејмс I.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе