По четири месеци затворања, Британците повторно ќе можат да се прегрнуваат и да се забавуваат

Пријателите ќе се прегрнуваат и ќе наздравуваат со кригла пиво, а британската економија ќе се отвори во понеделник, давајќи им на 65 милиони жители чувство на слобода по четиримесечното затворање поради епидемијата на ковид-19, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Повеќето Британци повторно ќе можат да се прегрнуваат, иако внимателно, да пијат во пабови, да јадат во ресторани и да одат во кино по серијата „заклучувања“ и најстроги ограничувања во мирновременската историја на земјата.

„Ќе ги прегрнам сите што ќе ги видам, нема да ги тргнам рацете од нив“, изјави актерката Џоана Ламли за Телеграф.

Но, покрај еуфоријата, потребна е и претпазливост. Премиерот Борис Џонсон ги советуваше луѓето да бидат претпазливи и предупреди дека ако се појави индиската варијанта на коронавирус во земјата, целосното отворање во јуни може да се одложи.

Од понеделник, во Велика Британија на отворено ќе можат да се соберат до 30 лица, две семејства ќе можат да се дружат во затворени простории, ќе се отворат затворените простори на кафулињата, пабовите и рестораните, а штитениците на домови за стари лица ќе можат да примаат до пет гости. Заштитните маски во училиштата веќе не се задолжителни.

Укината е и забраната за патување во странство. „Јас сум Американка, моите деца се Американци, мојот сопруг е Британец и живееме во Велика Британија. Прекрасно е што денес можеме повторно да патуваме“, рече 42-годишната Џули, која од аеродромот Хитроу отпатува за Остин, Тексас.

Иако мерките донекаде се разликуваат во четирите земји на Обединетото Кралство, ограничувањата во понеделник се ублажени во Англија, Шкотска и Велс, а малку подоцна ќе се релаксираат и во Северна Ирска.

Во Велика Британија 127.679 лица починаа како резултат на ковид-19, најмногу во Европа и на петто место во светот по САД, Бразил, Индија и Мексико, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Минатата година британската економија доживеа најголем пад во последните три века, а владата вложила стотици милијарди фунти за да ги спаси компаниите и работните места.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе