Министерството за надворешни работи издаде препораки

По Британците, предупредуваат и Германците: Не се препорачува да патувате на Косово

Откако Амбасадата на Велика Британија издаде соопштение во кое на своите граѓани им советува да не патуваат во северниот дел на Косово поради криминал, тоа го стори и Германија.

Министерството за надворешни работи на Германија издаде предупредување до германските државјани да не патуваат во општините Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица, бидејќи во нив „ситуацијата и понатаму е напната“.

„Иако насилството обично не е насочено против странци, не може да се исклучи дека може да дојде до изолирани инциденти, која ја загрозуваат безбедноста и кои би можеле да ја ограничат општата слобода на движење“, се вели во препораките на германското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се потсетува дека на 16 јануари 2018 година беше „убиен познатиот косовско-српскиот политичар Оливер Ивановиќ во Северна Митровица“, а на германските граѓани им се советува „пред да отпатуваат на северот на Косово, да се запознаат со ситуацијата, внимателно да го подготват патувањето“ и, по можност, „на индивидуалните патувања да бидат придружени со локални водичи“.

На германските патници им се советува да „бидат претпазливи и да избегнуваат поголеми гужви“.

Германското Министерство посебно се осврнува на „можни проблеми“ при влез во Србија од Косово, велејќи дека „Србија го третира Косово како дел од својата територија, а не како странска земја“, и дека секој што доаѓа од Косово не влегол во Србија на официјален граничен премин, односно кога ќе ја напушта Србија, нема да може да докаже дека претходно влегол на нејзината територија.

Исто така, вели Дојче веле, српската гранична полиција обично удира печат во пасошот преку косовскиот печат, поради што граничните власти на Косово честопати, по барање, во германскиот пасош не го ставаат косовскиот влезен печат.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе