Ветување на турскиот претседател

По Аја Софија, Ердоган најави и „ослободување“ на џамијата Ал Акса во Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети „ослободување на џамијата Ал Акса“ од Израел, откако во петокот ја „воскресна“ Аја Софија како џамија.

EPA-EFE

„Воскреснувањето на Аја Софија го најавува ослободувањето на џамијата Ал Акса“, се наведува во интернет презентацијата на кабинетот на турскиот претседател.

„Со воскреснувањето на Аја Софија повторно е запален огнот на надежта на муслиманите и сите угнетени, соборени и искористени“, пренесува израелскиот весник Ерусалим пост.

Говорот кој бил на турски јазик преведен е малку поинаку на арапски и англиски јазик, како начин да се скрие дел од ставовите на Анкара за тоа на кој начин се поврзува Аја Софија со поширокиот план.

На арапски јазик се наведува дека претворањето на Аја Софија во џамија е дел од „враќањето на слободата на Ал Акса“, што всушност значи дека Израел би требало да биде исклучен од контролата на стариот град Ерусалим каде што се наоѓа Ал Акса.

Турскиот претседател ја поврза одлуката за заживување на исламот од Букура во Узбекистан до Андалузија во Шпанија. Оваа терминологија, која ги поврзува Ал Акса во Ерусалим со Аја Софија и со Шпанија, е своевидна шифрирана терминологија за поширока верска агенда, толкува израелскиот весник.

Во турскиот превод на говорот не е наведена истата референца на Шпанија како во арапскиот.

Ердоган долго време се залага за палестинскиот проблем и е екстремен критичар на Израел, како на пример кога го напушти разговорот со поранешниот претседател на Израел Шимон Перес во 2009 година во Давос.

Турција тогаш испрати бродови во Газа во обид да ја прекрши израелската блокада на територијата, што доведе до загинување на десет турски државјани кога израелските сили извршија рација на бродот Мави Мармара.

Поврзувањето на големата промена во Аја Софија со Ерусалим покажува дека амбициите на Анкара се многу поголеми од само воспоставување исламски молитви во историската црква и џамија во Истанбул – тоа е дел од поширока агенда за регионот, смета израелскиот весник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе