По 16 месеци во Париз повторно се слуша музика од клубовите

Музика се слуша од париските ноќни клубови за прв пат по 16 месеци, додека другите европски земји повторно го „укинаа“ ноќниот живот поради зголемениот број случаи на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Повторното отворање на париските танц-клубови во петокот вечерта беше последниот чекор во францускиот процес на укинување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата, објави АП.

Овој потег треба да означи победа над вирусот, бидејќи ноќните клубови беа меѓу ретките места што останаа затворени уште од март 2020 година.

Сепак, делта-сојот се шири побрзо од стапката на вакцинација во Франција, а инфекциите повторно растат по неколкунеделен пад.

Францускиот претседател Емануел Макрон в понеделник ќе ѝ се обрати на нацијата во врска со ситуацијата со коронавирусот, а владата може да донесе одлука за нови ограничувања.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе