Хрватскиот премиер

Пленковиќ: Србија ја клевети Хрватска на меѓународната заедница

Односите со Србија се оптоварени не само со отворените прашања за војната во деведесеттите, туку и со реториката со која Хрватска е наклеветена кај меѓународната заедница, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Односите со Србија се оптоварени не само со отворените прашања од времето на осамостојувањето и агресијата врз Република Хрватска, како прашањето на исчезнатите, културните добра, регионалната јурисдикција на српскиот закон, туку и со реториката со која Хрватска неретко се клевети во меѓународната заедница, на што решително одговараме на сите меѓународни форуми“, изјави Пленковиќ во хрватскиот Сабор.

Тој истакна дека Хрватска „и покрај наметнатата војна победила, и дека денес е членка на ЕУ и НАТО“.

„Важно е Србија и нејзиниот врв што побрзо да го земат тоа предвид и да ги усвојат европските вредности и правила“, истакна Пленковиќ, кој во Саборот го претстави извештајот за втората година од мандатот на владата.

Хрватскиот премиер во дел од говорот посветен на односите со соседните држави се осврна и на неделните избори во Босна и Херцеговина, кажувајќи дека „повторно се оспорува самата смисла на Дејтонскиот договор“.

„Врз основа на резултатите гледаме дека со оркестрирано дејствување е изиграна вистинската политичка волја на хрватскиот народ во БиХ, на кого во неделата Бошњаците на територијата на Федерацијата БиХ, како една изборна единица, им избраа кандидат кој нема поддршка од Хрватите“, кажа Пленковиќ.

Тој оцени дека тоа е лошо за стабилноста и иднината на БиХ бидејќи „непотребно се антагонизираат Хрватите и Бошњаците“.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе