Хрватскиот премиер

Пленковиќ: Поздравот „За дом спремни“ е забранет

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ кажа денес дека изјавите на претставникот на министерството за хрватските бранители Матко Раос во Сплит не се никаков став на хрватската влада ниту на некој во владата и истакна дека поздравот „За дом спремни“ е забранет.

EPA-EFE

„Станува збор за непромислена и непримерна изјава од која министерството за хрватските бранители уште вчера се огради. Тоа не е никаков став на владата ниту на некој во владата“, им кажа Пленковиќ на новинарите.

Претставникот на министерството за хрватските бранители Матко Раос вчера во Сплит, при одбележувањето на 31-годишнината од формирањето на 9 единица на хрватските одбранбени сили, кажа дека „не би имало денешна Хрватска да не бил 10 април 1941“ (кога била формирана усташка Независна држава Хрватска НДХ).

Министерството, кое се огради од таа изјава, истакна дека Раос бил испратен исклучиво за да присуствува и да положи венец.

Во врска со усташкиот поздрав „За дом спремни“, Пленковиќ повтори дека тој е спротивен на уставот и законот кажувајќи дека прашањето е како тоа се применува од страна на одделните судови.

Порача дека Врховниот суд треба да ја изедначи судската пракса.

„Тоа е и денес забрането“, истакна хрватскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе