Хрватскиот премиер

Пленковиќ: Повикот на истакнување на српското знаме е провокација

Премиерот на Хрватска Андреј Пленовиќ го нарече провокација повикот на претседателот на Србија Александар Вучиќ до Србите низ светот да го истакнат српското знаме по повод денешниот празник Ден на српското единство.

EPA-EFE

„Таквите акции немаат друга смисла, освен провокација“, кажа Пленковиќ во хрватскиот парламент по првата седница на есенското заседавање која почна со „актуелно претпладне“, кога владата одговара на пратенички прашања.

Тој ги повика граѓаните да не наседнуваат на провокации.

„Најлесно е да се впуштиме во пинг-понг на жестоки изјави. Со тоа нема ништо да постигнеме. Секој вид на ваква порака е за предизвикување негативен ефект. Хрватска е зрела земја“, кажа Пленковиќ.

„Нашиот став е јасен, таа приказна е апсолвирана“, кажа хрватскиот премиер, додавајќи дека лузните „на режимот на Милошевиќ во регионот се сè уште живи“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе